Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДОЛГОВИТЕ СЕ „СТОПИЈА“: Која општина борчи најмногу?

ДОЛГОВИТЕ СЕ „СТОПИЈА“: Која општина борчи најмногу?

Се „топат“ долговите на општините. 

Тие должат помалку пари од порано, но Охрид е лидер на листата на општини со најголем долг. 

Локалната самоуправа во Охрид има долг од 7,3 милиони евра, а зад неа е Тетово со 7,2 милиони и Општина Карпош со долг кој „тежи“ скоро пет милиони евра.

Вкупните долгови на општините се околу 49 милиони евра, со што нивната финансиската состојба е подобрена. Ова го изјави министерката за финансии Нина Ангеловска. 

Намалување на долговите е постигнато со одлуката на Владата од пред две години да им додели 50 милиони евра на македонските општини. 

Слично

Поврзани вести