Економија, финансии, бизнис

Контакт

Долговите растат излезот го нема

Долговите растат излезот го нема
Светската економија се уште е во големи долгови. Ова предупредување го упати истражувачкиот оддел на McKinsey & Co. Компанијата проценува дека обврските на владите, компаниите, домаќинствата и финансиските компании во 47 земји се зголемија за 57 трилиони долари до 199 трилиони долари. Зголемувањето е еквивалентно на 17% од бруто домашниот производ (БДП) на земјите. Иако не е толку голема вредност, колку што е 23% -то зголемување на долгот што го видовме во седумте години пред финансиската криза, новите податоци ги демолираа во прав и пепел надежите дека несигурноста и последователната глобална рецесија ќе го насочи светот кон еден поодржлив пат . Само владиниот долг е зголемен за 25 трилиони долари во последните седум години, а земјите во развој се одговорни за речиси половина од целата сума. McKinsey не смета дека траекторијата на растечките нивоа на долг ќе се промени наскоро. gr Еве три причини за тоа: 1. Долгот е премногу висок, за да биде излечен од политиката на штедење или раст Политичарите ќе треба да разгледаат повеќе нетрадиционални мерки како продажба на средства, еднократни даноци и можеби програми за реструктуирање на долгот. gr1 2.Домакинствата во некои земји продолжуваат да ги зголемуваат долговите 80% од домаќинствата имаат поголем долг отколку што имале во 2007 година. Ситуацијата е таква во Северна Европа, Канада и Австралија. gr2 3. Кинескиот долг се зголемува нагло Благодарение на имотниот сектор и банкарството во сенка, долгот во втората по големина економија во светот се зголеми четирикратно. Тој беше 7 трилиони долари во 2007 година, а кон средината на минатата година достигна 28 трилиони долари. Кај 282% од бруто домашниот производ, товарот на долгот веќе е поголем од оној на САД или Германија. Особено проблематично за McKinsey е фактот дека половина од заемите се поврзани со промените во имотниот сектор. gr3 К.К.
Слично

Поврзани вести