Долговите на државите растат поради бегалската криза
Некои европски држави може да ги зголемат своите долгови поради бегалската криза на стариот континент, коментира познатиот германски економист проф. Ханс-Вернер Зин.
Според него, во краток рок тоа е само геополитички хаотичен процес, во кој едни луѓе доаѓаат во различни држави без да бидат регистрирани. Зима доаѓа и за нив треба да биде осигуранO засолниште што е вистинска хуманитарна криза, но тоа е само едниот ефект.
Според него, другиот е дека некои држави бараат кредити за да можат да се справат со бегалци, дури и само како да им обезбедат засолниште или да им помогнат да се приберат. На сето ова може да се гледа и како на економски стимул кој ќе доведе до раст на краток рок. Но не и на долг рок, бидејќи зборуваме за долг, кој треба да биде платен, категоричен е Зин.
Состојбата на Грција во моментов не е на дневен ред во ЕУ, бидејќи Европа се занимава претежно со бегалскиот проблем, додаде германскиот економист и предупреди дека грчката економија не функционира добро.
"Ние имаме трет спасувачки пакет или повторно давање на пари на Грција, што може да е решение за проблемот во овој момент, но не и на долг рок. Оваа одлука нема да ја направи грчката економија поконкурентна. Платите во Грција се околу 13 - 14 евра на час. Во Бугарија тие се три - четири евра на час. Како е можно, држава како Грција да има конкурентна економија со такви плати? Јас не гледам начин ", додаде проф. Ханс-Вернер Зин.
