Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДОЛГОВИ: Секој 12-ти стан во Македонија е заложен под хипотека

ДОЛГОВИ: Секој 12-ти стан во Македонија е заложен под хипотека
Вкупно 72.911 стана во моментов во Македонија се заложени под хипотека кај банките, најчесто како гаранција дека сопственикот редовно ќе го отплаќа земениот кредит, пишува Дневник. Според овие пресметки, секој 12-ти стан во земјава е заложен под хипотека, а вкупната вредност на вака заложените станови се проценува на 1,8 милијарди евра. Дневник се повикува на податоци од Агенцијата за кататстар за недвижности, кои покажуваат тренд на зголемување на бројот на станови под хипотека. Бројот на становите под хипотека лани летото изнесувал 56.169, а за помалку од една година се зголемил за рекордни 30%. Најмногу станови под хипотека има во Скопје - дури 31.942 стана, следува Битола со 4.083 стана ставени по хипотека, па Kуманово, каде што кај банките под залог се ставени 3.338 стана. Најмалку станови се заложени во Македонски Брод - 63 стана. Евра, долари, швајцарски франци се најчестите валути во кои се задолжуваат македонските станови кога се зема, на пример, кредит со девизна клаузула. Но редок случај е примерот во Kочани, каде што жител има хипотека вкалкулирана во јапонски јени. Податоците на Агенцијата за катастар за вредноста во пари на хипотеките покажува дека најголем дел или 1,6 милијарда се во евра, а мали се сумите во другите валути. Во американски долари се земени кредити вредни 220.000 долари, а во „озлогласениот“ швајцарски франк има за исплаќање сума на хипотеки вредни 397.000 франци, пишува Дневник.  
Слично

Поврзани вести