Економија, финансии, бизнис

Контакт

Долгови ќе отпишува и ЕЛЕМ

Долгови ќе отпишува и ЕЛЕМ

Кон акцијата на Министерството за финансии за еднократно отпишување на долговите на граѓаните се придружи и АД  „Електрани на Македонија“.

Имено, Управниот одбор на компанијата донесе одлука за отпишување на долговите на граѓаните за искористената топлинска енергија испорачана од подружницата на АД ЕЛЕМ, „Енергетика“,информираат од компанијата.

Еднократното отпишување ќе се однесува на долговите за искористена топлинска енергија заклучно со 31. декември минатата година кои не се наплатени подолго од 12 месеци, а за кои е почната постапка за наплата.

Правото на еднократно отпишување на долговите може да го остварат само граѓаните кои како должници ги исполнуваат условите од  постојниот Закон, велат од ЕЛЕМ.

 
Слично

Поврзани вести