ДОЛГОВИ И ДОЛЖНИЦИ: ТВ Алфа должи повеќе од 110 000 евра!
Повеќе од 4425 фирми,и граѓани се најдоа на новата “Црна“ должничка листа на Управата за јавни приходи. Меѓу нив, јавни претпријатија, општини, телевизии, фирми од различни индустрии. Се работи за долгови по основ на ДДВ, данок на добивка и пресонален данок на доход. Вкупниот долг изнесува 230 милиони евра.
Меѓу должниците е Алфа ТВ – Скопје, со долг од 113 000 евра за неплатен ДДВ. Меѓу должницте се и јавни, односно државни фирми. Така, меѓу првите должници е “Отекс“ со 11,3 милиони евра а високо котира ЈП “Македонија пат“ со долг од 7 милиони евра. Долг од 144,7 милиони евра се “Улици и патишта“ – Скопје а меѓу должниците сеуште е и МРТ со долг од 1,5 милиони евра.
Од СДСМ најавија дека ќе бидат преиспитани сите долгови на јавните претријатија, посочувајќи особен акцент на јавниот радидифузен сервис.
“Ќе бидат преиспитани сите милионски долгови што државните и јавните претпријатија ги направиле врз основа на неплатени даноци“. Институциите го толерираат ваквото расипничко работење на државните и на јавните претпријатија, меѓу кои е „Македонската радио-телевизија“, без никој да поднесе одговорност за тоа, а илјадници граѓани заради сметки за радиодифузна такса секојдневно се мачат со блокирани сметки и со извршители на врата“ – велат од СДСМ .
Од општините, како должник е регистрирана општина Карпош со долг од скоро 262 000 евра, Охрид со долг нешто поголем од 30 000 евра. На листата должнци е Тетовското Јавно комунално претпријатие со долг од 1,8 милиони евра.
Со долг од 190 000 евра се јавува и Повардарие- дринкс извоз-увоз од Неготино.
Листа на должници се однесува на долгови доспеани до 31.01.2017 и неплатени до 30.04.2017 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и повисок од 300.000 денари за правните лица.
Д.А.