Економија, финансии, бизнис

Контакт

Долгот за патиштата што ги градиме надмина милијарда евра

Долгот за патиштата што ги градиме надмина милијарда евра

Околу една милијарда и сто милиони евра е последниот долг како обврска што го има јавното претпријатие „Државни патишта“  Објавениот резултат од последниот квартал со кој е завршена минатата година покажува вкупни обврски од 66 милијарди денари и раст од 10 отсто.

Обврските се зголемени и покрај тоа што најголемиот проект - Коридор 8 и Коридор 10Д што го гради конзорциумот „Бехтел и Енка“, се испаќа од државниот буџет, а не од големите приходи што ги наплаќа „Државни патишта“ како патарини, акцизи на гориво, дел од регистрација на возила и други услуги на пат.

Краткорочните обврски (што треба да се вратат за една година) насобрани за 2025 се повеќе од 200 милиони евра и тука има раст од 24 проценти на годишно ниво. Тука се вклучени обврските кон добавувачи, за дадени аванси и депозити (кон Министерство за финансии) и тие за заеми и кредити.

Долгорочните обврски (оние што треба да се вратат по една година) изнесуваат 878 милиони евра и за една година се зголемени за 8 отсто. Инаку ЈПДП е јавно претпријатие со најголема сума на позајмени средства кои подлежат под државни гаранции издадени од Министерството за финансии. 

Најгелемите долгови се исплаќаат кон кинеската Ексим банка, за изградба на автопатите Кичево - Охрид и Миладиновци - Штип, потоа кон Светска банка и Европска банка за обнова и развој, но и кон домашни оператори. Реализациите од „Бехтел и Енка“ се водат како „инвестиции што се плаќаат од буџетски средства“. 

Јавното претпријатие за државни патишта лани забележа рекордни приходи. И покрај тоа Министерството за финансии мораше да ги пополнува финансиските дупки на ЈПДП. Министерството за финансии изминатата пролет објави дека исплатило 43 милиони евра за заеми каде што Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) е главен должник

Минатиот месец министерот за транспорт Александар Николоски изјави дека очекува од овој месец да се изберат изведувачи за изградба на автопатите Скопје – Блаце и Кичево – Букојчани и најдоцна до пролет да бидат воведени во работа. Изградба како дек од Коридор 8 ќе донесе грантови, но и нови задолжувања.

А.К..

Слично

Поврзани вести