ДОЛГОТ РАСТЕ: Утре задолжување, в среда раздолжување
Во текот на утрешниот ден Македонија ќе добие ново задолжување.
Имено, Министерството за финансии за утре распиша нови аукции на државни хартии од вредност. Како што пишуваат дел од медиумите ќе бидат понудени шестмесечни, едногодишни и двегодишни записи, како и 15 годишна обврзница, во вкупен износ од над 49 милиони евра.
Веќе в среда за враќање доспеваат 49 милиони евра а до крајот на месецот Владата планира да реализира уште две аукции и задолжување околу 70 милиони евра.
Месец мај започнува со ново задолжување. Министерството за финансии за утре распиша нови аукции на државни хартии од вредност, на кои ќе бидат понудени шестмесечни, едногодишни и двегодишни записи, како и 15 годишна обврзница, во вкупен износ од над 49 милиони евра.
Јавниот долг според МФ изнесува околу четири милијарди и осумстотини милиони евра.
За разлика од надлежното министерство, бројчаникот за јавен долг бележи над пет милијарди евра долг.
