Економија, финансии, бизнис

Контакт

Долгот на Централната влада расте

Долгот на Централната влада расте

Расте долгот на Цетралната Влада. Според најновите податоци, во октомври јавниот долг се доближил до 31 отсто од БДП и изнесува 30,6%.

Во првиот квартал од годинава јавниот долг на Централната Влада изнесуваше 26,1% од БДП. Трендот на пораст ја одбележа целата 2012 та година, па така во вториот квартал долгот достигнува 28,3% за во третиот кавртал да достигне 30,2%. Со пораст на јавниот долг и во октомври, почна и четвртиот и последен квартал од оваа година. 1 кавартал                  26,1% од БДП

2 квартал                   28,3% од БДП

3 квартал                    30,2% од БДП Октомври                   30,6% од БДП Неодамнешната изјава на поранешниот гувернер Петар Гошев дека Владата не го соопштува вкупниот јавен долг на сите институции и дека тој надминал 45 отсто од БДП, отвори серија дилеми во јавноста. Актуелниот гувернер Димитар Богов тврдеше дека сегашните податоци што ги објавува Министерството за финансии се репрезентативни и веродостојни и дека долгот не е до онаа граница за која зборуваше неговиот претходник Гошев.  
Слично

Поврзани вести