Економија, финансии, бизнис

Контакт

Долгот на фирмите и граѓаните кон УЈП, зголемен за 3 милиони евра

Долгот на фирмите и граѓаните кон УЈП, зголемен за 3 милиони евра
Долгот на граѓаните и фирмите кон Управата за јавни приходи изнесува повеќе од 283 милиони евра. За еден месец, долгот кон УЈП се зголемил за три милиони евра. Вкупен број на должници се 3 700 фирми и илјада физички лица. Тие должат по основа на ДДВ, данок на добивка, данок на доход, акцизи и социјални придонеси. УЈП ја објави и ,,црната листa” на должници за месец јули. На должничката листа редовно се појавуваат фирмите  „Ел дон Kастило“, „Ел аѕтека“ и „Мотор коач индустрија“, но и јавните претпријатија „Македонијапат“, „Македонски шуми“ и „Македонска радио-телевизија“.
Слично

Поврзани вести