Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДОЛГОТ КОН ПИОМ И УЈП ЌЕ СТАНЕ ТРАЕН ВЛОГ – со закон до решение за долговите на ЈП за стопанисување на објекти за спорт

ДОЛГОТ КОН ПИОМ И УЈП ЌЕ СТАНЕ ТРАЕН ВЛОГ – со закон до решение за долговите на ЈП за стопанисување на објекти за спорт

Долгови на јавно претпријатие за стопанисување на објекти за спорт за неисплатени давачки кон Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и Управата за јавни приходи ќе се претворат во траен влог согласно новиот закон кој се најде пред народните избраници.

-  Неисплатените придонеси за пензиско и инвалидско осигурување на вработените во Јавното претпријатие за стопанисување со објектите за спорт во сопственост на Република Македонија - Скопје на 54 поранешни и 4 нови вработени се однесува за период од 1.1.2006 година до 31.12.2024 година.

Вкупниот долг на Јавното претпријатие за стопанисување со објектите за спорт во сопственост на Република Македонија- Скопје кон Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија и Управата за јавни приходи на Република Северна Македонија, за периодот 1.1.2006 година до 31.12.2008 година и од 1.7.2009 година до 31.12.2024 година изнесува: 146.246.443денари.

За периодот 1.1.2006 година до 31.12.2008 година и од 1.7.2009 година до 31.12.2024 година неплатените придонеси за Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, е во износ од 54.439.997 денари со пресметани камати– се посочува во Законот доставен во Собранието.

Притоа се посочува дека основната причина за изготвување на овој закон е поради проблемите со кои се соочува Претпријатието во однос на неговата финансиска одржливост.

-  Акумулираните обврски по основ на јавни давачки претставуваат значаен товар кој го отежнува нормалното функционирање.Овој закон има за цел да обезбеди решение за финансиската нестабилност на ЈП за стопанисување со објектите за спорт во сопственост на Република Македонија преку претворање на акумулираните побарувања на Република Северна Македонија по основ на траен влог во јавното претпријатие– се посочува во законот.

Предлагачот појаснува дека станува збор за побарувањата на државата по основ на јавни давачки од јавното претпријатие по основ на придонеси за задолжително пензиско и инвалидско осигурување, придонеси за задолжително здравствено осигурување, осигурување за случај на повреда на работа и професионално заболување, задолжителен придонес за осигурување во случај на невработеност и данок на личен доход.

-  Каматите и побарувањата по основ на придонеси за задолжително пензиско и инвалидско осигурување, придонеси за задолжително здравствено осигурување, осигурување за случај на повреда на работа и професионално заболување, задолжителен придонес за осигурување во случај на невработеност и данок на личен доход на овој член, ќе се пресметуваат до денот на влегување во сила на овој закон. Висината на главниот долг и каматите со записник ја утврдуваат претставници на органите на државната управа или друг надлежен орган или институција која води евиденција за утврдување и наплата на јавната давачка  - се посочува во законското решение.

Притоа е појасното дека меѓу државните органи и институции, чии побарувања се претвораат во траен влог во ЈП за стопанисување со објектите за спорт се склучуваат договори за пренесување на побарувањата, и со упис износто на трајниот влог во Централниот регистар.

-  По уписот на трајниот влогво Централниот регистар престануваат правните обврски на Јавното претпријатие по основ на главниот долг, каматите и другите споредни побарувања. По извршениот упис на трајниот влог, Владата ќе ги извести за истото органите на државната управа и институциите кои водат евиденции за побарувањата кои се претвораат во траен влог, со цел државните органи и институции да го спроведат претворањето во траен влог во своите евиденции– се посочува на крајот од соопштението.

П.О. 

Слично

Поврзани вести