Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДОЛГИ ПОДГОТОВКИ: Терористот од Зворник обучуван во вехабиски камп

ДОЛГИ ПОДГОТОВКИ: Терористот од Зворник обучуван во вехабиски камп

Нердин Ибриќ, кој во терористичкиот напад во Зворник во понеделникот , на 27 април убил полицаец во станицата, а двајца повредил, поминал борбена обука во вехабискиот камп во Церска кај Зворник.

Во тој камп често престојувал и Абдулах Хасановиќ, кој исто така е уапсен полсе терористичкиот напад на Нермин над Полициската станица во Зворник, пишува денешен „Глас на Српска“.

Вехабистичките кампови во Церска кај Зворник и базата кај Осмак и Поточар близу до Сребреница ќе бидат главни во продолжението на истрагата за терористичкиот напад на Полициската станица во Зворник, поради сомнение дека сторителот и поттикнувачот имале соработници во тој камп“, пишува овој весник.

Соговорникот на весникот рекол дека Хасановиќ имал контакти и со Харун Мехичевиќ, шефот на Исламскиот центар „Ал Фуркан“ од Мелбурн.

Припадниците на заедничкиот тим на Министерството за внатрешни работи на Република Српска и Агенцијата за истрага и заштита на БиХ интензивно продолжуваат со активности поради расветлување на терористичкиот напад.

Слично

Поврзани вести