Долга листа набавки за само едни избори!
Вкупно 610 илјади евра чинеше печатење на гласачките ливчиња и останатиот доверлив и недоверлив изборен материјал за претседателските избори 2014 година и предвременитепарламентарни избори годинава. Државната изборна комисија, склучила договор со печатница Киро Д. Дандаро во вредност од 37.498.138 денари. Според податоците имало две компании што сакале да го печатат материјалот, сепак избрана била Киро Д. Дандаро. Истата печатница, го печатела и избирачки список за сума од околу 80 илјади евра (4.974.480 денари)
Нешто повеќе од 113 илјади евра чинела изработката на беџовите за идентификација на изборните органи, изборната администрација, овластените претставници на подносителите на листите на кандидати, меѓународните и домашните набљудувачи, уверенија за избрани пратеници и уверение за избран Претседател на Република Македонија. Договорот е склучен со Винсент Графика Жељко и други ДОО експорт импорт Скопје за сума од 6.950.364 денари.
Од истата фирма, Винсент Графика Жељко и други ДОО, набавени се 15 илјади маркер пенкала. Односно за видливото мастило ДИК платила околи 112 илјади евра (6.900.000 денари)
Служебните возила на ДИК се снабдувале во гориво од бензиснките пумпи на Макпетрол, а вредноста на договорот со нафтената компанија изнесува 400.000 денари. Додека, само за превоз на делегацијата на ДИК во Албанија потрошени се 37.000 денари, а договорот е склучен со АБЦ РЕНТ А КАР ТУРС ДООЕЛ Скопје.
За транспортот на материјалот (недоверлив и доверлив изборен материјал) склучен е договор со Акционерско друштво за поштенски сообраќај Македонска пошта во вредност од околу 75 илјади евра или 4.667.550 денари.
За набавка на вреќи за транспорт на доверлив и недоверлив гласачки материјал и сигурносни плика за спроведување потрошени се околку 12 илјади евра или 736.280 денари. Договорот е склучен со фирмата ДЕКСИОН КО ДООЕЛ СКОПЈЕ. И тоа набавени се до 23 300 заштитни вреќи за транспорт на доверлив и недоверлив гласачки материјал и до 46 600 сигурносни плика за пакување на доверлив и недоверлив гласачки материјал.
За набавка на недоверлив канцелариски материјал за оформување на комплети за гласање склучен е договор со компанијата Офис плус за сума од 284.755 ден.
При тоа набавени се Набавени се 1. 35.000 парчиња хемиски пенкала, 2. 3.530 парчиња маркери, 3. 3.530 парчиња линијари, 4. 3.530 парчиња селотејп ленти и 5. 3.530 мали перничиња за печати, оформени.
А со истата компанија склучен е уште еден договор за набавка на фотокопирна хартија А4 и А3 формат за потребите на ДИК за спроведување на Претседателските Избори 2014 година. Нбавени се од Офис плус за сума од 70.424 ден.
И тоа набавка се однесува за, како што е наведено, до 450 опа пакувања фотокопирна хартија А4 формат, бела, димензии 210 х 297 mm идо 60 топа фотокопирна хартија А3 формат, бела, димензии 420х297 mm.
За одржување на последните избори во земјава ДИК потрошила 35.000 денари за набавка на средства за одржување на хигиена. Договорот е склучен со Друштво за внатрешна и надворешна трговија ТОЗ-МК ДОО Скопје, од каде се набавени како што пишува до 2.000 ролни хартиени бришачи за раце и до 2.500 ролни тоалетна хартија.
За објавување на описите на избирачките места, единствените листи на кандидати и други објави за потребите на ДИК, склучен е договор со КОХА ПРОДУЦТИОН ДОО Скопје, во вредност од 551.106 денари и со РЕПРО ПРИНТ ДОО увоз-извоз Скопје за сума од 143. 000 денари.
Понатаму, Државната изборна комисија за изготвување на едукативна кампања за гласачите за потребите на изборните процеси годинава склучила договор со АДВЕНТИЏ ДОО СКОПЈЕ за сума од 4.400.000 денари.
При тоа во договорот е појаснето дека се врши избор на агенција која ќе осмисли и изработи едукативни материјали кои Државната изборна комисија ќе ги гористи во кампањата за едукација на гласачите во изборните процеси што се одржуваа годинава и видео спотови, аудио спотови, постери, плакати и флаери.
Набавка на печати за општинските изборни комисии, мали печати, со број на избирачко место, ДИК склучила договор со компанијата АГЕНС ДОО експорт-импорт Скопје. Печатите Државната изборна комисија ја чинеле 285.032 денари.
При тоа набевени се 80 големи печати за општинските изборни комисии, 3.481 мали печати со број на избирачкото место, за гласачките места во Република Македонија, и 47 мали печати со број на избирачкото место за гласачките места во ДКП на РМ во странство.
За набавка на канцелариски материјал за потребите на Државната изборна, склучен е договор со ТОЗ-МК ДОО Скопје и тоа за сума од 52.000 денари.
Додека пак за услуги за писмени, консекутивни и симултани преводи за потребитесклучен е договор со АРС СТУДИО Тамара ДООЕЛ-Скопје во вредност од 600.000 денари.
Договорот се однесува за преводи од англискијазик на македонски јазик и од македонскијазик на англиски јазик, од албански јазик на македонски јазик и од македонски јазик на албански јазик, и од македонски јазик и неговото кирилско писмо, на јазиците и писмата на заедниците наведени во преамбулата на Уставот на Република Македонија, како и од друг светски јазик на македонски јазик и од македонски јазик на соодветниот друг светски јазик.
Понатаму за печатење на прирачници за едукација на изборните органи, склучен е договор со фирмата АРБЕРИА-ДЕСИГН ДООЕЛ експорт-импорт Тетово во вредност од 1.860.000 денари.
При тоа станува збор за 892 парчиња прирачници за задолжителна едукација за членовите на општинските изборни комисии,18.695 парчиња прирачници за задолжителна едукација за членовите на избирачките одбори, кои ќе го спроведат гласањето на гласачките места во Република Македонија и 413 парчиња прирачници за задолжителна едукација за членовите на избирачките одбори, кои ќе го спроведат гласањето на гласачките места во ДКП на РМ во странство.
Н.С.
Слично
