Економија, финансии, бизнис

Контакт

Долг список на должници, кој се должи на УЈП?

Долг список на должници, кој се должи на УЈП?

Над 4.500 фирми со различни дејности и физички лица должат на Управата за јавни приходи, стои во списокот објавен на веб страната на УЈП.

Станува збор за долгови доспеани до 31 декември лани и неплатени до 31 март 2016 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини. Вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица.

Листата на должници се објавува на веб страницата на Управата за јавни приходи согласно член 9 од Законот за даночна постапка.  Управата за јавни приходи без согласност на даночниот обврзник на својата веб страница може да објави податоци заради исправка на непотполни информации кои се објавени во листата на должници.

Слично

Поврзани вести