ДОЛГ ИЛИ ПОДАРОК? Белград ќе земе голем кредит од Емиратите
Владата на Србија ќе земе кредит од Обединетите Арапски Емирати во висина од 1 милијарда долари за да го покрие дефицитот. Српската Влада, која исто така е во предизборен период, уверува дека условите се исклучително поволни.
Кредитот ќе се отплаќа на десет години со номинална каматна стапка од 2 отсто. Отплатата би почнала шест месеци по земањето на парите, а главнината треба да се исплати дури за десет години.
Според српскиот министер за финансии Лазар Крстиќ, на овој начин Србија ќе заштеди годишно 40 милиони долари, односно 400 милиони за десет години, или изразено во евра - 300 милиони евра.
„Кредит во таков износ ни е неопходен поради дефицитот, а ваков кредит да се добие тоа е еднакво на подарок!“, нагласи Крстиќ кој треба да го потпише договорот утре во Абу Даби.
Слично
