Економија, финансии, бизнис

Контакт

Доларот зајакна, дали политиката на Трамп ќе доведе до инфлација?

Доларот зајакна, дали политиката на Трамп ќе доведе до инфлација?

Откако Доналд Трамп е избран за претседател на САД, доларот на меѓународните валутни пазари имаше најголем неделен скок. 

Курсот на еврото во однос на доларот падна за 2,6% минатата недела до 1,0855 долари, а во еден момент беше и 1,0836 долари. 

Американската валута закајна во однос на јапонската и таа скокна за 3.4% на  106,65  јени. 

Индексот на доларот кој го покажува односот на американската валута кон шест други валути минатата недела се зголеми за 2%. Тоа е највисоко од ноември 2015 година. 

Се смета дека политиката на Трамп да вложува во инфраструктура и намалување на даноци може да доведе до инфлација. 

Во меѓувреме под притисок се валутите во земјите во развој, а тоа важи и за мексиканската валута. 



Слично

Поврзани вести