ДОЛАРОТ СЛАБЕЕ И ДЕНЕС, што се случува пак со цената на нафтата ова утро?
Цените на нафтата пораснаа, па цената на барелот на лондонскиот пазар утринава се зголеми за 0,16 отсто, на 79,95 долари
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, се лизна на 104,30 поени, додека вчера во овој момент изнесуваше 104,60 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута потона од вчерашните 136,25 на 133,35 јени.
Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0610 долари, додека вчера во ова време беше 1,0605 долари.
Цените на нафтата пораснаа, па цената на барелот на лондонскиот пазар утринава се зголеми за 0,16 отсто, на 79,95 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,41 отсто, на 75,50 долари.
Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела се зголеми за 3,9 отсто, на 79,04 долари, додека на американскиот пазар барелот поскапе за 4,6 отсто, на 74,29 долари.
Минатонеделниот раст најмногу се должи на корекцијата на цените, откако пред една недела потонаа за повеќе од 11 отсто и паднаа на најниските нивоа годинава.
Во првите три дена од минатата недела цените пораснаа, но во вториот дел од неделата повторно се најдоа во надолна патека бидејќи централните банки на западните земји продолжуваат да ги зголемуваат каматните стапки со цел да ја потиснат инфлацијата.
Tоа ќе го забави растот на економиите, а со тоа и побарувачката на нафта.
