Доларот се стабилизира откако го забележа најниското ниво од 2003
Доларот вчера се стабилизираше откако претходно го забележа најниското ниво од 2003 година.
Доларскиот индекс во однос на шест други валути порасна за 3%, но оваа недела падна и на ниво најниско од 2003 година.
Инвеститорите прогнозираат дека доларот ќе зајакнува откако новиот претседател на САД, Доналд Трамп ќе почне да ги спроведува своите политики.
Еврото на свој терен последниве месеци се соочува со ризици и тоа Италијанскиот референдум, и изборите догодина во Франција и Германија. Сето ова најверојатно ќе доведе до слабеење на еврото.
Еврото вчера се тргуваше за 1,0631 долари.
Месечниот минимум беше 1,0569 долари минатата недела.
Слично
