Економија, финансии, бизнис

Контакт

Доларот расте во однос на другите валути

Доларот расте во однос на другите валути

Доларот го достигна највисокото ниво во изминативе 14 години во однос на поголемите светски валути. 

Еврото падна за 1,2% во однос на доларот и чини 1,049, што е најмалку од средината на март годинава, а пад на вредноста е забележан и кај кинескиот јуан.

Зголемувањето на референтната каматна стапка, според оценката на претседателката на Федералните резерви Џенет Јелен, претставува „глас на доверба“ во солидноста на американското стопанство.

Таа претпазливо говореше за очекувањата дека победата на Доналд Трамп на претседателските избори ќе доведе до побрзо подигање на каматните стапки.

Ова е прво покачување на каматните стапки во САД во изминтава една година, а второ од рекордно ниското ниво блиску нулата во последниве десет години.




Слично

Поврзани вести