Доларот потона во однос на британската фунта
Доларот ја губи својата вредност, и тој е на најниско ниво за период од две години.
Американскиот долар паѓа во однос на најголемите светски валути веќе петти ден по ред.
Индексот на доларот, кој ја мери вредноста на американската во однос на најголемите ривалски валути, ослабел, според најновите податоци, за 0,3 проценти, на 92,55 поени, а во еден момент падна на 92,46 поени, најниско ниво од јуни 2018 година, објави Ројтерс.
Доларот падна дополнителни 0,2 проценти во однос на еврото, на 1,19 американски долари и падна за 0,5 проценти во однос на јапонскиот јен, на 105,40 јени, што е најниско ниво за десет дена.
Тој потона половина процент во однос на британската фунта, на 1,3180 американски долари. Ова е најслабо ниво во последниве две недели.
