Економија, финансии, бизнис

Контакт

Доларот поефтини во однос на јенот

Доларот поефтини во однос на јенот

Доларот поевтини во однос на јенот денес откако мерките за стимулирање на економијата, објавени од Централната банка на Јапонија, беа прифатени како премногу умерени за да го осиромашат доларот.

Банката објави дека ќе ги прошири видовите средства кои ги откупува што за кратко доведе до скок на доларот во однос на јенот.

Потоа сепак доларот поевтини, откако стана јасно дека централната банка нема да воведува промени во монетарната база.

Доларот првично поскапе до 123.59 јени по изјавата на централната банка, но последен поевтини со 0.3% до 122.145 јени.

Централната банка на Јапонија го остави без промена зголемувањето на париччната маса или парите и депозитите во оптек со 80 трилиони јени (655 милијарди долари) годишно преку агресивно купување на државни обврзници, акции за тргувачки фондови и фондови кои инвестираат во имот.

Во прилог на слични купувања, банката одлучи да издвои 300 милијарди долари откуп на акции кои се тргуваат преку фондови кои инвестираат во акции на компании кои активно извршуваат капитални трошоци. Од следната година банката исто така ќе го зголеми доспевањето на јапонските државни обврзници, кои ги откупува од 10 до 12 години.

Индексот на доларот се намали за 0,4% до 98.910 поени, откако вчера се зголеми до 99.294 поени, што беше највисоко ниво во последните две недели. Индексот забележа 1.2% раст вчера, што пак беше неговото најголемо зголемување од повеќе од еден месец. Еврото порасна со 0,2% до 1.0846 однос на доларот, оддалечувајќи се од достигнатото вчера 10-дневно дно од 1.0802.

Слично

Поврзани вести