Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДОЛАРОТ ПАДНА: Други две валути зајакнаа

ДОЛАРОТ ПАДНА: Други две валути зајакнаа

Доларот денеска падна на најниско ниво во изминативе три години, а дел од валутите имаат раст. 

Ова се случува откако министерот за финансии на САД, Стив Мнучин, на Светскиот економски форум во Давос изјави дека „послаб долар е подобар за трговијата“.

Индексот на американскиот долар, кој се мери во однос на кошничката од шест светски валути, денеска падна за 0,5 проценти и ја премина психолошката граница од 90 поени намалувајќи се до 89.66. Ова  е најниско ниво од декември 2014 година.

Еврото денеска се тргуваше за 1,23 долари, што е највисока вредност во изминативе три години.

Јапонскиот јен и британската фунта зајакнаа во однос на доларот.

Слично

Поврзани вести