Доларот нагло порасна во однос на јенот
Расте вредноста на американската валута. Доларот ја достигна највисоката вредност во однос на јенот во последните 2 децении.
Доларот утринава скокна за 129,43 јени за прв пат од април 2002 година, по што благо се намали и според последните достапни податоци се тргува по 128.615 јени, објави Ројтерс. Банката на Јапонија oдлучи да го зголеми купувањето на државниот долг со цел да ја одбрани својата политика на ултра ниски каматни стапки. Откако почна војната во Украина, имаше осцилации кај одредени валути. Претходно, годинава драматично се намали вредноста на турската лира. foto freepik.com
Слично
