Доларот доминира, има вредност каква немал две децении
Вредноста на доларот e на највисоко ниво во изминатите 20 години.
Курсот на доларот утрово порасна во однос на јапонската валута од вчерашните 129,65 на 130,50 јени. Доларот зајакна и во однос на европската валута, па цената на еврото се намали на 1,0515 долари, ново најниско ниво во последните пет години, а вчера беше 1,0525 долари. Oвој месец април растеше вредноста на доларот. Цените на нафтата, се намалија по вчерашниот силен раст. Цената на барелот на лондонскиот пазар се намали за 0,55 отсто, на 107,00 долари, а на американскиот пазар барелот се намали за 0,60 отсто на 104,65 долари.
foto freepik.com
Слично
