ДОКУМЕНТИТЕ НА ПАНАМА: Вечерва ќе се знае кои Македонци имаат офшор компании во даночниот рај!
„Panama Papers“ или така наречените Панамски документи, кои предизвикаа огромен скандал поради протечените информации за криењето на приходи на глобално ниво, ќе станат достапни за јавноста од денес.
Ова го објави Меѓународниот конзорциум на истражните новинари, кој ги направи откритијата.
Базата на податоци која ќе биде објавена денеска, ќе содржи информации за над 200 илјади компании и фондации регистрирани во 21 даночни засолништа во целиот свет.
Од почетокот на април откритијата на „Panama Papers“ предизвикаа бројни истраги во светот и доведоа до оставка на премиерот на Исланд и на шпански министер.
Откриените околу 11 милиони документи на панамската адвокатска фирма „Мосак Фонсека“ покажаа како многумина уживаат офшор компании за трансфер на средствата во нетранспарентни територии со либерална даночна фискална политика.
Според соопштението на сајтот на организацијата со седиште во Вашингтон, податоците ќе бидат достапни на https://offshoreleaks.icij.org во 14 часот по временската зона за источните држави во САД (20 часот по македонско време).
Од македонските надлежни институции досега нема официјален одговор дали и кои македонски државјани имаат сметки и оф-шор компании во Панама. Од Финансовата полиција само изјавија дека нивните досегашни информации се на ниво на шпекулации, немаат инфомрации дека некои граѓани од земјава поседуваат сметки во Панама, но ако добијат такви информации ќе ги истражат. Протекувањето на најголемата дата –база на податоци за оф-шор компании од Панама, во која се имињата на светски лидери за кои се тврди дека преку оф шор компании во Панама переле пари, сеуште го тресе светот.
Властите во Панама најавија истрага, дел од европските земји побараа од новинарите кои работеа на аферата „Панама документи“ копија од документите за да ги истражат и да преземат соодветни мерки во борбата против затајувањето данок. А како треба да постапат македонските надлежни институции, имаме институционален капацитет за справување со финансиски криминал?
Надлежните органи мора да обезбедат доволно квалитетни докази, кои непобитно ќе ги поврзат “непознатите“ извори на средства со криминалните активности на конкретни фирми и лица, вели во интервју за Фактор универзитетскиот професор и поранешен директор на Финансовата полиција, Миодраг Лабовиќ.
[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2016/04/06/intervju-labovik-panama-papers-vodi-do-konkretni-litsa-i-firmi-vo-makedonija-no-toa-mora-da-se-dokazhe/" target="blank" ]ИНТЕРВЈУ ЛАБОВИЌ: „Panama papers“ води до конкретни лица и фирми во Македонија, но тоа мора да се докаже![/button]
