Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДОКУМЕНТИ ОД УНИВЕРЗИТЕТОТ ВО ШТИП: Што пишува во рецензиите за тројцата професори?

ДОКУМЕНТИ ОД УНИВЕРЗИТЕТОТ ВО ШТИП: Што пишува во рецензиите за тројцата професори?

Рецензентските комисии едногласно барале тројцата професори да бидат избрани во повисоко звање, затоа што ги исполнуваат сите законски критериуми за нивен избор. Тоа може да се види од извештајот објавен во билтенот на УГД Штип, со што се расчистуваат сите дилеми, дали тие треба да бидат избрани за вонредни професори.

Она што е уште позначајно е што на една од рецензиите се потпишал и деканот на факултетот Ристо Фотов, а потоа, без објаснување гласал против. На другата од рецензиите пак, се потпишале професори дел од наставничкито совет, кои подоцна исто така, следејќи го деканот, гласале против изборот на професорите. На следните документи се заклучоците на комисиите и потписите на рецензентите. На следните линкови, пак се наоѓаат комплетните извештаи кои на својот сајт, со одобрение од ректорската управа ги објавува УГД Штип. Оттаму е нејасно зошто ректорот бара од професорите да ги објават документите, кога сите тие се наоѓаат токму во неговата архива, и од нив може да се забележи дека токму професорите на економски факултет и деканот лично првично ги поддржале професорите за избор во повисоко звање. Што се случило во меѓувреме останува мистерија, која може да ја расчисти веднаш, само ако сака, ректорот Саша Митрев, како што е нејасно и зошто УГД Штип не постапи по решението на Државниот просветен инспекторат, да спроведе веднаш ново гласање и да ги избере професорите?! За Доц.д-р Александар Костадиновски

http://www.ugd.edu.mk/images/stories/file/pdf/univerzitetski_bilten/ebilteni/11-15/2014/124/pdf/124-3.pdf

За Доц.д-р Маргарита Матлиевска

http://www.ugd.edu.mk/images/stories/file/pdf/univerzitetski_bilten/ebilteni/11-15/2014/124/pdf/124-4.pdf

За Доц.д-р Крсте Шајноски

http://www.ugd.edu.mk/images/stories/file/pdf/univerzitetski_bilten/ebilteni/11-15/2014/124/pdf/124-5.pdf

Инаку, професорите штрајкуваат со глад веќе трета недела, нивната состојба од ден на ден се влошува. СОНК денеска најави дека ќе излезе на протести против состојбите во македонското образование. Р.Ф.
Слично

Поврзани вести