Економија, финансии, бизнис

Контакт

Докторката Софијанова не сака да биде пратеничка

Докторката Софијанова не сака да биде пратеничка
Директорката на Клиниката за детски болести Аспазија Софијанова поднесе оставка на пратеничката функција, објави Телеграф.мк. Софијанова сама признава дека својата оставка веќе ја доставила во Собранието и оти има намера да и се врати на медицинската струка. „Јас и понатаму ќе продолжам да работам во интерес на децата и целото население. Ќе останам со народот што ме гласал и ќе продолжам да им помагам на сите од позицијата на лекар“, вели Софијанова, која се повлекува по нецел месец поминат на пратеничката функција. Нема повеќе детали зошто се одлучила на ваков чекор. Д-р Софијанова беше и еден од предводниците на иницијативата за поддршка на Ѓорге Иванов за втор мандат на претседателската функција. Нејзиното место во Собранието ќе го заземе следната жена од листата на ВМРО-ДПМНЕ во Првата изборна единица - Јасмина Дамчевска.
Слично

Поврзани вести