Економија, финансии, бизнис

Контакт

Докторка од Србија споменува примање на четврта или евентуално петта доза вакцина

Докторка од Србија споменува примање на четврта или евентуално петта доза вакцина

Воопшто не е изненадување што одредени групи на луѓе треба да примаат и трета доза, а може да се случи да бидат потребни и четврта и петта, сè додека пандемијата не попушти. 

Ваков е ставот на вирусологот д-р Ана Банко од соседна Србија.  Вели дека потоа, ќе се воведува или нов план за вакцинација или ќе бидат развиени понапредни вакцини. 

„Кога е во прашање Спутник В, двете дози од вакцината не се идентични и бустер-дозата е повикување на информациите кои се внесени со првата. Најдобро би било и третата доза да биде Спутник. Оние кои пак, се вакцинирани со АстраЗенека, а не развиле доволно антитела, можат да примат трета доза Фајзер“, рече докторката. 

Во Србија уште има високи бројки на заразени. Во последните 24 часа во Србија е потврден кај 6.930 лица, а истовремено како последица на овој вирус починале 53 пациенти. Тестирани биле 23.660 лица. На респиратор се приклучени 269 заразени. 

За краток временски период, починаа три трудници од вирусот. Најновиот случај е трудница која пет години чекала дете, но почина од коронавирусот. 

Слично

Поврзани вести