Доколку тужи, Австралија нема да му ја намали должината на казната на Ѓоковиќ
Британските таблоиди тврдат дека Новак Ѓоковиќ веќе ја тужел Австралија за неописливо малтретирање и бара 3,8 милиони евра, некои познати адвокати тврдат дека најдобриот тенисер на светот може да добие и до пет милиони евра, а сите забораваат на една работа.
Доколку Ѓоковиќ ги тужи властите во оваа земја за малтретирањето што му го нанеле, нема да му ја скратат забраната за влез, која во моментов е три години.
Кога Ѓоковиќ беше осуден на депортација, тој автоматски беше осуден на три години депортација, но со образложение дека таа може да биде скратена или поништена доколку тоа е во интерес на државата Австралија.
Затоа, колку и да изгледаше привлечно за Новак да добие морално задоволство изразено во милиони евра за голготата низ која помина во Мелбурн, за многу грдото однесување на локалните власти кон него, мудроста налага поинаку. Се разбира, под услов Ѓоковиќ повторно да сака да игра на Австралија опен.
