Економија, финансии, бизнис

Контакт

Доколку патувате во Грција, нема влез без ПЦР тест, без разлика дали сте вакцинирани

Доколку патувате во Грција, нема влез без ПЦР тест, без разлика дали сте вакцинирани

Aко патувате во Грција, ќе ви треба ПЦР тест. 

Негативен ПЦР тест направен 48 часа пред патувањето ќе биде задолжителен за патниците од сите земји кои пристигнуваат во државата. Според соопштението на грчкото Министерство за здравство одлуката е во рамки на напорите за контрола на пандемијата на коронавирусот, а ќе стапи во сила во недела наутро. Мерката важи за сите патници без разлика дали се имунизирани или не и без разлика на кој начин пристигнуваат во Грција.

Грчките медиуми пишуваат дека во прв момент е соопштено дека мерката ќе се однесува само на посетителите од Велика Британија и Данска, но Министерството за здравство потоа информираше дека ќе важи за сите земји, вклучувајќи ги и оние од Европска Унија. Целта на оваа мерка е да се заштитат од омикрон. Инаку, сојот омикрон го има во регионот и во многу европски земји. 

Слично

Поврзани вести