Доколку никој не поднесе жалба Вранишковски ќе биде на слобода
Кривичниот совет во Основниот суд Скопје 1 донел решение за условен отпуст на Јован Вранишковски затоа што, како што велат, тој ги исполнил сите законски услови за да биде пуштен.
Сепак од Судот додаваат дека ваквото решение не е правосилно бидејќи во тек е жалбениот рок.
Според нив вранишковски ќе биде пуштен на слобода на 19 јануари доколку никој не поднесе жалба на ваквата одлука.
„Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1, составен од Претседателот на судот М-р Владимир Панчевски, како претседател на советот и членовите на советот судиите Диана Груевска Илиевска и Огнен Ставрев, со судски соработник Биљана Наумоска, како записничар, постапувајки по предлогот на Директорот на КПУ Идризово Скопје, за условен отпуст на осудениот Ј.В. по одржаната јавна седница на ден 09.01.2015 година, согласно чл.200-203 од Законот за извршување на санкции и чл.36 од Кривичниот законик, донесе решение за условен отпус на осудениот Јован Вранишковски“, се вели во одлуката на Судот.
Слично
