Дојди и приклучи се!
Уште на самиот почеток на денот, сонцето силно зрачеше на небото, чиниш и тоа им даваше поддршка на сите оние кои со цело срце, волја и енергија ја војуваат битката за интересите на младите, на народот. Студентите кои веќе недела дена спијат на ,,бојното поле” и денеска со решителност и храброст во очите ја бранеа својата ,,Автономна Зона” – својот Универзитет.
На другата страна од градот пак, ако се движевте по улицата ,,Партизанска” ќе ја пресретневте врвулицата од млади луѓе, кои ,,наоружени” со своите свирчиња, транспаренти и желбата за правда, веќе напаѓаа на друг ,,фронт’’ – Архитектонскиот факултет. Студентите што ги затекнаа таму, како да ги препознаа своите ,,спасители” и им се приклучија на војската, која веќе насекаде поставуваше парола ,,Студентска контрола.
Некаде на пладне, скопските улици беа преплавени од млади ,,револуционери”, кои како пчелки итаа кон една цел – платото на УКИМ.
А таму пак владее една сосема поинква енергија од било кое место во градот. Кога ќе влезете во ,,Автономната зона” на студентите, имате наплив на чувство на храброст и задоволство и знаете дека сте дошле онаму каде припаѓате.
Илјадници студенти распослани со вреќи и шатори, го зазеле својот Универзитет за да го бранат против лошите владини реформи. Некои цртаат, други пејат, трети готват за сите присутни на ,,кампусот”.
Но денеска, лицата им беа посебно насмеани и ведри и сите вјасаа наоколу да го припремат теренот за доаѓањето на гостите од Босна. Музичката група ,,Дубиоза Колектив” се беше најавила уште сабајлето.
Во меѓувреме, платното со натпис ,,Aвтономна зона”, го закитува и Природно-математичкиот факултет.
Музичарите од бендот, насмеани и восхитени од она што ги пречека, ги поздравуваа студентите и им честитаа за она што тие го прават. За тоа што, за прв пат во нашата земја толкава маса на луѓе застана и го крена својот глас во името на правдата.
Свирката под сонцето продолжи сѐ до негово заоѓање, а под него ечеше гласот на почетокот на една нова историја.
И додека, во моментот го пишувам текстот во една од училниците на Филозовскиот факултет, енергијата сѐ уште не стивнува. Одам да им се придружам, а на сите вас кои сакате да ја почувствувате моќта на почетокот на промената, ве поканувам да ни се придружите - ,,Дојди и приклучи се! “
Ирена Каревска

Слично