Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дојде ли време златото да блесне како сигурна инвестиција?

Дојде ли време златото да блесне како сигурна инвестиција?
Покрај падовите на глобалните берзи аналитичарите почнуваат да се прашуваат дали не е дојдено време златото да блесне како сигурна инвестиција, наведува CNBC. „Со падот на пазарите, ескалацијата на тензии меѓу Саудиска Арабија и Иран, тековниот конфликт во Сирија, тврдењата на Северна Кореја дека тестира хидрогенска бомба, жолтиот метал изгледа почнува да се стабилизира“, вели Марк Чендлер од „BBH“. “Доброто претставување на златото покрај слабиот апетит за ризик може да привлече инвеститорски интерес“, смета Џони Тевез, стратег во UBS. „Цената на златото се држи над просекот во изминатите 50 дена и покрај силниот долар поддржан од ниската профитабилност на американските државни обврзници и слабата побарувачка“, вели извештајот објавен во текот на неделата. Поскапувањето на златото го следеше вториот колапс за неделата на кинеските пазари. Во четвртокот тргувањето во империјата продолжи по пракса на 15 минути, бидејќи главниот индекс се намали за 7%, по што беше прекинато. Тоа ги повлече надолу и останатите азиски индекси, како и подоцна европските акции. Од „RBC Capital Markets“ предвидуваат дека златото ќе се тргува по 1 050 и 1 200 долари за унца оваа година, со просечна цена од 1 150 долари за унца. „Како што беше во 2004 година очекуваме златото да ја поведе обновата кај суровините“, вели Стивен Вокер од „RBC Capital Markets“.
Слично

Поврзани вести