Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дојче веле: Oдлуката на Иванов била детално анализирана и договарана

Дојче веле: Oдлуката на Иванов била детално анализирана и договарана

Oдлуката со која претседателот Ѓорге Иванов овозможи „општ прекин на сите постапки меѓу политичарите и нивните соработници или поддржувачи, од спротивставените страни“, не е донесена како што тој изјави, без согласност или консултации со некого, туку била дел од цел „пакет“ мерки заткулисно договорани во дискреција со најтесното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат за Дојче веле партиски извори.

Првата била Уставниот суд да ја врати надлежноста на претседателот за помилување, втората - Владата да ги поништи сите одлуки донесени од министрите на СДСМ, а ќе следеле уште неколку други. Oдлуката на Иванов претходно била детално анализирана и договарана, а за нејзина „правна одбрана“ била користена истата аргументација со која професор од Правниот факултет му помагал на Уставниот суд да ја образложи одлуката за враќањето на претседателската надлежност за помилување. Тајмингот на нејзиното соопштување не бил случаен, туку внимателно и намерно избран - денот на посетата на претседателите на Словенија и на Хрватска, Борут Пахор и Колинда Грабар-Китаровиќ. Нивното присуство требало да биде искористено како заштитен тампон од првичните реакции и „удари“ од јавноста и опозицијата, односно да бидат (зло)употребени како „алиби“ на Иванов дека е зафатен со високите гости, за да избегне дополнителни објаснувања. Врз основа на искуството со „млакиот и краткотраен опозициски протест против одлуката на Уставниот суд“, во договарањето било проценето дека и ова „чудо ќе трае три дена“, а ако евентуално има подолготрајни реакции или протести, тие ќе биле пресечени со друга „јака тема“, која ќе го дефокусирала вниманието од потегот на претседателот.

Одлуката на Иванов требало да отвори пат на изборните листи на ВМРО-ДПМНЕ да се најдат и дел од лицата за кои СЈО води истрага, со цел партијата морално да се ребрендира и да се обнови внатрешната кохезија која била длабоко разнишана од „малтретирањето и бламирањето на нејзините партиски функционери по судовите“, но и стресовите што тоа им го предизвикувало, поради што „дел од нив станале нервозни, отсутни, разочарани, а во некои случаи и некооперативни“.

Целиот текст прочитајте го тука!

Слично

Поврзани вести