Дојче банка повторно се коцка-изгуби 60 милиони евра
Германската Дојче Банка се соочува со загуби од 60 милиони евра.
Дојче Банка, најави дека сака да го реформира начинот на управување со ризици, и се коцкала со инфлацијата во САД. На тој пат изгубила дури 60 милиони долари, велат извори запознаени со случајот.
Оние кои позајмувале испитувале дали Дојче банка го прекршила ограничувањето на ризик по договор.
Овие шпекулации доаѓаат после веста дека ширум светот банкарите и регулаторите се обидуваат да ја подобрат заштитата од ризик по измама.
„Ако е точно дека една трговија на банката би можела да предизвика толку големи загуби, очигледно има место за загриженост и ги доведува во прашање напорите за подобрување на контролата“, вели аналитичарот Михаел Сеуфет и додава дека ова е посебно чуствутелно прашање бидејќи Дојче ветила дека нема да има вакви ризични работи.
Од банката не давале коментар, но од информациите кои се појавија, може да се заклучи дека оваа загуба од 60 милиони евра веројатно следи поради тоа што банката продавала производи кои се поврзани за инфлација, како што се многу хартии од вредност.
Потсетуваме, неодамна е откриено како банката мамела во САД по доказите за даночна измама, а постапката ја покрена Министерството за правда на САД.
