Дојче Банк ќе бега од Лондон
Финансискиот гигант Дојче Банк со корпоративен капитал во десетина земји составен од различни бизнис групи планира значително да ги намали своите операции штом се реализира излезот на Велика Британија од Европската Унија.
Токму затоа Дојче Банк размислува да ги пресели своите поголеми европски активности од Лондон во Франкфурт како еден од најдобрите градови со финансиска инфраструктура во Европа и моќно присуство на банкарскиот сектор.
Инаку Дојче Банк во Лондон има околу 9000 вработени што е речиси 10% од нивната вкупна работна сила низ целиот свет. Според последните информации Дојче Банк во Франкфурт ќе ги пренесе вложувањата на берза како и инвестициските активности.
Слично
