Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Дојче банк“: 2013 ќе биде последна година на рецесија во Грција

„Дојче банк“: 2013 ќе биде последна година на рецесија во Грција

„Дојче банк“ смета дека 2013-та ќе биде последната година на рецесија во Грција, а од следната се очекува земјата да се врати на ограничен пораст, пишува грчкиот весник „Имерисија“.

Германските аналитичари тврдат дека рецесијата во Грција оваа година ќе биде 4,2 отсто, а предвидуваат дека следната година грчката економија ќе започне со развој и темпото на раст ќе изнесува 0,9 проценти.

„Дојче банк“ наведува дека и покрај намалувањето на бруто домашниот производ на Грција во четвртото тромесечие од 2012 година за шест отсто, сепак имало знаци на подобрување, бидејќи падот на БДП е помал во споредба со 2011 година.

Слично

Поврзани вести