Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДОЈАВИ ЗА ПОДМЕТНАТИ БОМБИ ВО 22 БЕЛГРАДСКИ УЧИЛИШТА: Полицијата на нозе, евакуирани илјадници ученици

ДОЈАВИ ЗА ПОДМЕТНАТИ БОМБИ ВО 22 БЕЛГРАДСКИ УЧИЛИШТА: Полицијата на нозе, евакуирани илјадници ученици

Дојавите за бомбите почнаа утринава, кога анонимен повик добил Медицинското училиште во Звездара, а во следните неколку часа бројот на училишта што ја добиле пријавата се искачи на дури 22.

Според последните информации, како што наведуваат српските медиуми, пријави за бомби имало и во економското, машинското, музичкото и средното занаетчиско училиште во Раковица. 

Учениците беа евакуирани и од уште три училишта: Техничкото училиште во Палилула, гимназијата во Грочка и стоматолошкаото училиште во Звездара.

Фотографии и видеа објави Serbia Live Beograd на својот официјален Инстаграм профил.


Слично

Поврзани вести