Дојави за бомби ги вознемирија Србите, испразнети трговски во Ниш и Белград
Евакуирани се четири трговски центри во српските градови Белград и Ниш по дојави за бомби.
Се работи за „Галерија“, „Меркатор“ и „Рајичева“ во Белград, како и „Делта планет“ во Ниш. Специјални екипи за вакви случаи излегоа на терен, откако најпрво околу 14 часот во полицијата во Ниш пристигнала пријава за бомба, а потоа се случило нешто слично во Белград.
Откако почна војната во Украина, повеќе пати имаше дојави за бомби во авионите кои од Белград летаат кон руските градови.
Зад овие синхронизирани напади врз Србија стојат странски служби, дознава Курир.
Ваквите истовремени акции на заплашување на населението во Србија го оправдува сомнежот дека станува збор за невиден економски притисок врз Србија поради светската криза предизвикана од војната во Украина.
Вчера претседателот Александар Вучиќ откри дека лажни закани до авионите на Ер Србија дошле од Украина и една земја од Европската унија.
