Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дојава за поставени 22 бомби во Загреб

Дојава за поставени 22 бомби во Загреб

По Белград, денеска дојави за поставени 22 бомби имало на пет локации во Загреб во Хрватска. 

Непознатиот сторител под име „Армија на Стрелков и Лимонов“ тврди дека поставил 22 бомби на пет локации.

Полициски службеници извршија увид во три од петте локации по дојавата за можни поставени експлозивни направи, пренесе ХРТ. Оттаму потврдија дека добиената пријава е лажна за три локации, а во тек се увид на уште две локации. Полицијата со помош на кучиња детално ги пребарува наведените локации и потенцира дека нема потреба од паника. Во Србија повеќе пати имаше лажни дојави за бомби, и тоа во училишта, на јавни места, и во авионите кои летаат до Москва. 

Foto: Davor Puklavec/PIXSELL

Слично

Поврзани вести