ДОЈАВА ЗА БОМБА ВО ЗАГРЕБСКА АРЕНА-ЦЕНТАР: Сите се евакуирани
Полицијата добила
дојава за бомба во Арена Центар во Загреб, потврдиле за Н1 од загрепската
полиција.
Евакуирани се сите од објектот, пишуваат хрватските медиуми.
Добиени се информации за можна експлозивна направа и заради заштита на живот, областа се евакуира за увид и проверка“, потврдија за Н1 од полициската управа на Загреб.
Припадниците на специјалната единица во полициската управа во Загреб веднаш излегле на местото на настанот, а зградата на трговскиот центар, вклучувајќи ја и подземната гаража, се испразнети, додава полицијата.
Вечерњи лист, повикувајќи се на неофицијални извори пренесува дека полицијата добила дојава за две експлозивни направи, а специјалната единица на МВР со кучиња трагачи го „чешла“ трговскиот центар во потрага по потенцијална закана.
