Дојава за бомба ја дигна на нозе полицијата во Куманово
Екипи од полицијата и од Одделот за антитероризам денеска беа излезени на терен, откако им стигнала дојава дека на улица "Октомвриска револуција" во Куманово била поставена бомба под автомобил.
Случајот го пријавил бизнисмен од Куманово кој добивал смртни закани.
Кумановецот, тврдел дека под неговото возило "фиат мареа" имало поставено бомба.
Од МВР велат дека по извршениот увид не била пронајдена експлозивна направа.
Слично
