Договорот за нуклеарната програма на Иран ќе ги намали цените на нафтата
Евентуалниот договор за нуклеарната програма на Иран ќе ги намали драстично цените на нафтата, пишува американскиот весник „Волстрит журнал“.
Иранскиот извоз во последните години беше значително ограничен од западните санкции.
Сепак, половина милион барели иранска нафта, па дури и повеќе, ќе се извезуваат секојдневно на светскиот пазар, каде што и без тоа има премногу резерви, сметаат аналитичарите.
Иако договорот за нуклеарната програма е далеку но е сигурно, иранскиот министер за нафта Биджан Намдар Зангане изјавил дека неговата земја е подготвена да го зголеми извозот.
Тој, сепак, предвиде дека дополнителната понуда, што ќе ја обезбеди Иран, нема да влијае значително на цените на црното злато.
Слично
