Економија, финансии, бизнис

Контакт

Договорот за Грција – со нејасен крај

Договорот за Грција – со нејасен крај

Еврогрупата заседава денеска во Брисел во потрага по решение на грчкото должничко прашање. Во пресрет на состанокот германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле изјави за "Франкфуртер алгемајне цајтунг" дека договор меѓу доверителите и Атина денеска не се очекува. Причината е дека Грција не успеа да ја убеди ЕУ во ефикасноста на предложенитe од неа реформи.

Слична теза изрази и претседателот на Еврогрупата Јерун Диселблум. Атина е притисната и поради очекувањата на утрешната транша кон ММФ во износ од 750 милиони евра.

За време на последните технички консултации меѓу Атина и Брисел, Грција била притисната да направи отстапки во пензиското законодавство. Генералниот секретар на социјалната сигурност во Грција - Јоргос Романиас, посочи пред медиумите во нашиот јужен сосед дека доверителите инсистираат пензиската возраст во Грција да биде 67 години.

Други забелешки на Еврогрупата се однесуваат реформите во пазарот на трудот.

Третиот проблем пред евентуалниот договор е примарниот суфицит, чиј износ ќе го утврди степенот на економските мерки кои Атина треба да ги преземе. Иако се минимални надежии те за договор, Грција се надева барем да добие поддршка од ЕЦБ, која да гпродолжи инјекциите на ликвидност во банкарскиот систем на земјата.

Слично

Поврзани вести