Економија, финансии, бизнис

Контакт

Договорот со Иран ги подигна пазарите на стариот континент

Договорот со Иран ги подигна пазарите на стариот континент
Европските пазари затворија со раст во понеделникот по историскиот договор помеѓу Иран и Западните сили во врска со нуклеарната програма на Техеран. Индексот FTSEurofirst 300 ce искачи за 0,4 отсто откако цената на нафтата се намали веднаш по договорот помеѓу Иран и шестте светски сили изминатиот викенд, Германскиот  DAX пак продолжи со раст постигнувајки дополнителни 0,9% достигнувајки нов рекорд. Во Мадрид IBEX 35 порасна за 0,12%, додека францускиот CAC 40 доби 0,55%. Во Лондон пак FTSE 100 затвори со пораст од  0,30%. Според постигнатото времено решение за време на викендот Техеран ќе го ограничи завојот на нуклеарните активности во замена со намалување на меѓународните санкции. Американскиот претседател Барак Обама изјави дека договорот е важен прв чекор кон посеопфатен договор и дека времената мерка ќе биде променета за шест месеци ако Иран не ги исполни превземените обврски. Информацијата го покрена рзичниот апетит кон Азија што ги стимулира локалните капитални пазари. Оптимизмот се пренесе и во Европа. И покрај целокупниот раст падовите сепак беа дел од големите нафтени компании на стариот континент. Акциите на BP поевтинија за 0,64%. Shell изгуби 0,36%, а Total 0,30 отсто. На обратната страна беа авиокомпаниите коие беа поткрепени од перспективата за евтино гориво. IAG доби 2,64%, а Air France затвори со раст од 1,83%. Капитализацијата на EasyJet пак се рашири со 1,70%. Ситуацијата во Италија продолжи да биде во центарот  на вниманието на пазарните учесници. Се очекува во среда средбата Силвио Берлускони да биде решена од страна на Сенатот. Решението на пратениците може да го исфрли поранешниот премиер од парламентот. Во недела претседателот Џорџо Наполитано го отфрли повикот на Берлускони за помилување, тврдејки дека не се држел до начинот кој одговара за да се направи тоа. Во Германија пак претставниците на Ангела Меркел и социјалдемократите навлегуваат во решавачка недела на преговорите за составување на коалициона Влада. К. К.    
Слично

Поврзани вести