Економија, финансии, бизнис

Контакт

Договорот со еврозоната е враќање назад смета грчкaтa опозициja

Договорот со еврозоната е враќање назад смета грчкaтa опозициja

Нова демократија и ПАСОК ја обвинија Владата дека ја враќа земјата назад, откако министрите за финансии на еврозоната го одобрија пакетот предлози на владејачката коалицијата, по што беше одобрено четиримесечно продолжување на договор за финансирање.

„На крајот, ја сретнавме СИРИЗА на излезот од меморандумот. Ние си заминувавме кога тие брзаа да влезат“, изјавил лидерот на Нова демократија, Андонис Самарас.

Многу од предлозите на Владата се исти како оние што ги изготвила неговата администрација, и кои тогашниот министер за финансии Гикас Хардувелис преку и-меил им ги испратил на претставниците на тројката.

„Меилот испратен од страна на Варуфакис служи како мост кон нов меморандум, додека Владата на Самарас беше на пат кон излез од меморандумот и да се пресели во превентивна кредитна линија која ќе дозволеше да се позајмува од пазарите“, се вели во писмената изјава на Самарас.

Евангелос Венизелос лидерот на ПАСОК исто така го критикуваше начинот на кој Владата ги водела преговорите.

„Токму кога бевме подготвени да излеземе од меморандумот и да ја преземеме претпазливата кредитна линија со многу поповолни услови, ние сме заглавени со стариот меморандум со месеци и се подготвуваат за трет меморандум од јули“, изјавил Венизелос.

Венизелос посочи дека тоа што Владата сама го изготвила списокот со предлози не било предност, туку потег од страна на грчките кредитори со цел да се „казни“ сегашната владејачка коалиција.

 
Слично

Поврзани вести