Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДОГОВОРОТ НЕМА ДА ГО ОБНОВАТ: Украина ќе прекине со транзитот на руските нафта и гас

ДОГОВОРОТ НЕМА ДА ГО ОБНОВАТ: Украина ќе прекине со транзитот на руските нафта и гас

Украина ќе прекине да пренесува руска нафта во Европа.

Украина на крајот на годината ќе прекине со транзитот на руските нафта и гас преку своите цевководи бидејќи тогаш истекува актуелниот договор и тој нема да биде обновен.

Михајло Подолјак, советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави во интервју за Новини дека актуелниот договор истекува на крајот на годината и иако не може еднострано да биде раскинат, „нема сомнеж дека ќе престане да важи на 1 јануари 2025 година“.

Киев е спремен да транспортира гас од централноазиските земји или од Азербејџан во Европа, но не од Русија за на Москва да ѝ се укине тој извор на приход. Договорот за транзит на рускиот гас во Европа преку Украина меѓу Газпром и Нафтогаз истекува на 31 декември.

И покрај конфликтот, кој почна во февруари 2022 година, Киев продолжи да ги исполнува одредбите на договорот, делумно на инсистирање на европските соседи, пред сè Унгарија. 

Унгарија, Чешка и Словачка се последните земји кои добиваат руска нафта преку нафтоводот Дружба. 

Слично

Поврзани вести