Економија, финансии, бизнис

Контакт

Договорот на Македонија со „Визер“ истекува во јуни, не се знае дали ќе биде продолжен

Договорот на Македонија со „Визер“ истекува во јуни, не се знае дали ќе биде продолжен

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, денеска информираше дека договорот со нискобуџетската авиокомпанија „Визер“ истекува во јуни и во моментот се работи на критериумите за новиот тендер, кој ќе биде распишан наскоро. 

- Во моментот се работи на критериумите на тендерот и набрзо тој треба да биде распишан. Нашата заложба е колку што може повеќе летови да бидат насочени кон Охридскиот аеродром - изјави Сугарески. 

Појасни и дека се планира да се направи подобрување на моделот за субвенционирање на нискобуџетските авиокомпании. 

Слично

Поврзани вести