Договорените избори надеж за бизнис секторот
Разрешницата која дојде со постигнатиот договор на политичките партии за избори значи надеж за стабилизиација на бизнис секторот.
Од Сојузот на стопански комори на Македонија порачуваат дека е потребна политичка стабилност за да може бизнис секторот целосно да се оправи и да се врати во функционалност на институциите што претставува предуслов за континуитет во работата на компаниите.
„Потребна е прво политичка стабилност како предуслов за економска стабилност и овозможување економски раст, кој во време на политичката криза беше тешко да се постигне бидејки компаниите ги замрзнаа вработувањата и планираните инвестиции очекувајќи разрешница“, истакна претседателката на ССК Данела Арсовска.
Таа додаде дека најпрво ќе почекаат да се покаже колку е финален договорот на политичарите, а приватниот сектор ќе продолжи да се бори да опстои .
