Економија, финансии, бизнис

Контакт

Договорена владина коалиција во Косово – Хашим Тачи ќе биде министер за надворешни работи!

Договорена владина коалиција во Косово – Хашим Тачи ќе биде министер за надворешни работи!
Лидерите на Демократската партија на Косово и на Демократскиот сојуз на Косово, Хашим Тачи и Иса Мустафа потпишаа денеска во Приштина коалициска спогодба со која се утврдува дека овие две партии ќе ја формираат новата косовска Влада. Седницата на Собранието на која треба да биде избрана новата косовска Влада ќе се одржи веќе попладнево. Со спогодбата се предвидува иден премиер на Косово да биде Мустафа, додека Тачи ќе ја извршува функцијата прв заменик премиер и шеф на косовската дипломатија. Функцијата претседател на косовското Собрание ќе му биде доверена на заменик претседателот на ДПК Кадри Вејсели.  
Слично

Поврзани вести